Миле Јанакиески до присутните во судницата: „Дојде живот“!

За време на паузата за судењето за насилството во Општина Центар, во кое меѓу обвинетите се експремиерот Никола Груевски и ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, информатичарите ги отстраниле камерите затоа што биле потребни за друго судење. Судијата Душан Јосифов отиде да ги бара камерите во судот за да продолжи рочиштето. „Дојде живот“, рече Миле Јанакиески во врска со случувањата во судницата.
„Ова се единствени камери во судот. Ова е како вицот кога Цацко го врзува точакот пред Владата“, рече обвинителот од СЈО, Гаврил Бубевски.
Инаку, камерите ги позајмила судијката од бомбите Софија Лаличиќ. Бидејќи нејзиното судење се одложило, на судењето против Груевски и Јанакиески има втора пауза за да се вратат камерите.
Претходно, по барање на адвокатите на обвинетите, обвинителката Фатиме Фетаи вторпат го читаше обвинителниот предлог за случајот со насилството пред Општина Центар.

Comments

Popular posts from this blog

Сакал да го претепа возачот но кога видел што има во багажот…

ФОТО: Го сликала својот пријател како седи на карпа – се шокирала кога ја погледнала фотографијата одблизу

Видео: Дете истрча од школски автобус пред камион – сите зборуваат за реакцијата на возачот